Тетовската полиција информира дека во два одвоени случаја во текот на вчерашниот ден полициски службеници нашле дрога, поради што приведени се вкупно пет лица.

– Околу 16:30 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода И.Х.(42), Н.М.(61) од Тетово и М.Р.(40) од тетовски Пирок, затоа што при нивен и преглед на возилото „форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајден им бил хероин, соопшти денеска СВР Тетово.

Вториот случај е евидентиран во Лешок неколку часа подоцна.

– Околу 22:45 часот, во тетовски Лешок, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода тетовците Ф.С.(38) и С.А.(47), затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Ф.С., им била пронајдена марихуана, информираат од полицијата.

Сите пет лица се задржани во Полициската станица во Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2020 12:58