На почетокот на 20 век немало ни пластични операции, ни фотошоп, а поимот за женска убавина од тоа време изгледа сосем поразлично од соремените глумици, пејачки и модели. Следуваат 10 слики стари околу 100 години, коишто ја доловуваат чистата убавина на жените кои живееле пред еден век…

10. Мерион Дејвис – американска филмска актерка, продуцентка, сценарист и филантроп.

9. Елизабет Рисдон – англиска глумица која се појавила во над 140 филмови меѓу 1913 и 1952 година.

8. Аида Овертон Вокер – афроамериканска сценска изведувачка, глумица, пејачка, танчерка, кореограф – кралицата на „Кејквок“ танцот.

7. Изобел Елсом – англиска филмска, театарска и телевизиска глумица.

6. Лија де Пути – унгарска актерка позната по своите „наивни“, „невини“, ненаметливи, а сепак впечатливи улоги…

5. Камил Клифорд – белгиско-американска театарска глумица и најпознат модел за илустрациите на „Девојчето Гибсон“.

4. Жозефин Бејкер – француска забавувачка родена во САД; активистка, деец на францускиот Отпор во Втората светска војна; нарекувана е „црн бисер“, „бронзена венера“ и -„креолската божица“.

3. Ана Меј Вонг – првата кинеско-американска филмска ѕвезда

2. Анет Келерман – австралиска професионална пливачка, сценска уметничка и филмска ѕвезда, овде во нејзиниот препознатлив костим за капење…

1. Евелин Несбит – супермоделка на раната мода, уметница, секс-симбол и една од првите „постер-девојки“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2020 13:03