Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко ќе се сретнат во Москва во следните две недели, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, отворајќи го состанокот со неговиот белоруски колега Владимир Макеј, на кој присуствуваа голем број учесници, јави агенцијата ТАСС.

– Најавено е дека состанокот на претседателите на двете земји ќе се одржи во главниот град на Русија во следните две недели, рече Лавров.

Според него, тоа ја нагласува заемната намера за развој на еднакви и заемно корисни односи.

Министерот за надворешни работи Владимир Макеј е во еднодневна работна посета на Москва.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2020 14:24