На 77-годишна возраст почина Командант Дач, злогласниот командант на Црвените Кмери и главен егзекутор на камбоџанскиот диктатор Пол Пот, одговорен за бруталното убиство на најмалку 14.000 Камбоџанци во логорот на смртта Туол Сленг во Пном Пен.

Командантот Дач, чие вистинско име е Каинг Гуек, е првиот од водачите на озлогласените Црвени Кмери, изведен пред лицето на правдата за злосторствата на т.н. „полиња на смртта“ во Камбоџа, кога беа ликвидирани најмалку 1,7 милиони Камбоџанци помеѓу 1975 и 1979 година.

Каинг беше осуден на доживотен затвор во 2010 година за злосторствата што ги извршил, додека водачот на Црвените Кмери, Пол Пот до 1998 година, односно до крајот на својот живот бегаше од правдата и се криел во џунглите на Камбоџа.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2020 14:32