Мотоциклист од Велес вчера удрил во куче по што изгубил контрола, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди.

Како што информира МВР, мотоцикл „лифан“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(50), вчера околу 11:45 часот на улицата „Академик Пенчо Давчев“ во Велес удрил во куче, по што паднал на коловозот. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2020 13:33