Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што соопшти денеска МВР, на први септември годинава на локален пат во атар на село Никуштак, општина Липково, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот при што пронашле и одзеле наркотична дрога хашиш со нето тежина од 306 грама.

По спроведена постапка пред Основен суд Куманово, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Кшање.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2020 13:47