Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишно лице од Скопје, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, соопштија денеска од обвинителството.
– Осомничениот, на 1 септември, на локалниот пат село Никуштак – Куманово, во атарот на селото Никуштак, неовластено заради продажба држел наркотична дрога хашиш. Тој на наведената локација застанал и излегол од својот автомобил, при што во неговата десна рака држел две најлонски пакувања во кои имало хашиш со вкупно нето маса од 306,24 грама. Во тој момент бил затекнат од полициски службеници кои извршиле личен преглед и ја пронашле и ја заплениле дрогата, се наведува во соопштението на обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка го уважи предлогот и му определи мерка притвор во траење од 30 дена.