Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Н. (53) од Прилеп осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 КЗ на РМ.

По добиени оперативни сознанија дека пријавениот се занимава со нелегално производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана, соопштија денеска од МВР, на 02.09.2020 со наредба за претрес на дом и други простории извршени се претреси во домот на пријавениот во Прилеп и во викенд куќата во место викано „Кишовица“.

– При извршените претреси, во викенд куќата и во дворот се пронајдени марихуана и 59 стебла канабис, се наведува во соопштението.

Судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп на Т.Н. му определил мерка притвор од 30 дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2020 11:37