Полицајците вчера привеле пет лица во Тетово од кои четворица се жители на други места поради кражба, агресивност кон полицајци и откриена дрога.

-Околу 11 часот и 35 минути, на крстосницата на улиците „Видоја Смилевски-Бато“ и „Илинденска “ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 27-годишната гостиварка М.И. и 45-годишниот скопјанец Д.Г., поради сомнение дека на 29 август околу 18 часот и 50 минути извршиле разбојништво во аптека на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, случајот целосно е расчистен и против нив ќе следува соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Поради напад врз полицаец вчера попладне е приведен 44 годишник од Тетово.

-Околу 15 часот и 20 минути на улица „146“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот тетовец Г.И., кој се однесувал агресивно додека преземале службени дејствија во непосредна близина и при тоа физички нападнал и еден полициски службеник. Г.И. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување на случајот против него ќе следува поднесок, информираше Јосифоски.

Вечерта околу 21 часот и 45 минути во тетовско Горно Седларце, полицајци на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Ф.(32) од гостиварско Беловиште и А.У.(32) од Скопје. При нивен преглед била пронајдена бела прашкаста материја.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2020 13:57