Возач од струмичкото село Баница, кој превезувал мигранти, бегал од кумановската полиција и удрил во ограда од куќа. Возачот е приведен, а во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.

Од СВР Куманово информираа дека вчера во 21:20 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населбата „Ајдучка чешма“ во Куманово, полициски службеници сакале да сопрат товарно возило „ивеко“ со скопски таблички, но возилото продолжило со поголема брзина да се движи во населбите „Ајдучка чешма“ и „Перо Чичо“.

– Потоа, удрил во ограда на една од куќите и возачот го напуштил местото. Набргу потоа возачот М.Р.(28) од село Баница, струмичко, бил фатен и лишен од слобода. При преглед во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, кои биле спроведени во Транзитен центар Табановце-се наведува во соопштението од полицијата.

По целосното расчистување на случајот против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2020 14:48