Возачот на Ферари, Шарл Леклер не ја заврши трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Италија. Леклер во 25. круг, излета од патеката и се заби во заштитната ограда.

Поради оштетување на бариерата за гуми трката е прекината до санирање на штетата за да не биде загрозена безбедноста на возачите.

Претходно, и другиот пилот на Ферари, Себастијан Фетел предвреме ја заврши трката, па италијанскиот тим останува без поени во Монца.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2020 01:43