Во Хрватска денеска почна учебната година, а 460.000 ученици ќе следат настава со новите мерки за заштита од коронавирусот.

Министерот за наука и образование, Радован Фус во гостување на ХРТ, оцени дека почнува најнеизвесната учебна година.

– Осум училишта почнаа со онлајн часови, две училишта го одложија почетокот на наставата, а остатокот ќе започне според моделот Б или Ц. Моделот Б е мешан во кој дел од наставата се изведува во училница, а другиот дел од учениците се дома и следат настава со дигитални материјали. Тие деца ротираат подоцна, рече министерот, додавајќи дека моделот Ц е тој во кој сите деца следат настава од дома.

Тој додаде дека моделот Ц е најнеповолен, но дека за моделите ќе се одлучува во зависност од епидемиолошката состојба во одредено место или жупанија.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ им посака среќен почеток на учениците со порака дека училиштето е најважно.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2020 16:02