Серена Вилијамс се уште нема донесено одлука дали ќе настапи на Ролан Гарос.

Американската тенисерка зборуваше и за фактот дека ќе биде дозволено присуство на публика во Франција.

И покрај олеснетите мерки, тенисерите сепак ќе бидат во строг режим и ќе мора да престојуваат во хотел.

– Се надевав дека ќе можам да останам во мојот стан во Париз, но сега не размислувам за тоа. Организаторите прават најдобро што можат, не можам да покажам со прст кон нив, истакна Вилијамс.

Сепак, таа ги коментираше мерките

– Ако има навивачи, тогаш треба да можеме да се сместиме таму каде што сакаме … Морам да се грижам за моето здравје, имав проблеми, се обидувам да не бидам на јавни места. Јас одржувам растојание од четири, а не два метри, посочи таа.

Вилијамс исто така вели дека ќе мора да разговара со организаторите на Ролан Гарос пред да донесе одлука за настапот.

– Ќе морам да видам како ќе функционира тоа со публиката и како ќе бидеме заштитени. Тие ќе донесат најдобра одлука за себе, а јас ќе треба да ја донесам за себе, заклучи Вилијамс.

Таа и понатаму е учесник на УС Опен, а во четвртфиналето ќе се сретне со Цветана Пиронкова (Бугарија).



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2020 13:29