Шесткратниот освојувач на Грен слем турнирите и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, ја прокоментира неговата дисквалификација од УС Опен.
– Јас сум исто шокиран како и останатите. Јас и Новак имаме своја историја, се сметаме за семејство. Ова е можеби најтешкиот момент во неговата кариера. Тој навистина ги прекрши правилата и одлуката за дисквалификација беше правилна.
За среќа, таму немаше гледачи, но тој навистина има навика понекогаш да испраќа топки кон трибините. И поради ова, незадоволството растеше. Тој беше во најдобра форма во целата своја кариера, не загуби од никого и самоуверено отиде по 18. титула на Грен слем турнир. Но, сè е изгубено, и сега тој си оди дома, изјави Бекер.
Новак Ѓоковиќ пред два дена беше суспендиран од Грен-слемот во Њујорк, откако со топче, ненамерно удри една линиска судијка.