Четириесет и две годишна жена од Скопје која времено престојувала во Тетово ги пријавила синот и сопругот за повеќекратно вознемирување. Тие дошле до домот на жената во Тетово и се заканувале, а потоа двајцата се приведени.

-Вчера во 22 часот и 50 минути, 42-годишна скопјанка со времено престојувалиште во Тетово, во СВР Tетово пријавила дека нејзиниот 50-годишен сопруг и 19-годишен син, во текот на денот неколку пати ја вознемирувале во домот и и се заканувале по животот. Двајцата пријавени лишени се од слобода на улица „ЈНА“ во Тетово и задржани се во Полициската станица Тетово, информираше денес СВР Тетово.

Полициските службеници ќе ја продолжат работата за расчистување и документирање на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2020 21:40