По повеќе од триесет часа потрага, полициски службеници од ОВР Гостивар го обезбедија и приведоа Б. И (67) осомничен за убиство. Според полициски извори, тој бил фатен во близина на локален пат помеѓу гостиварските села Страјане и Трново попладнево околу 16 часот. Со потрагата ставен е крај на неизвесноста околу крајниот исход на драматичниот настан кој започна вчера од рано утро.

Попладнево, по лишувањето од слобода Б. И ќе биде задржан во полициска станица Гостивар. По сослушувањето, најверојатно утре ќе биде предаден на судија на претходна постапка со соодветен поднесок, а тоа било кривична пријава за убиство.

Гостиварецот, непосредно по откривањето на телото на неговата сопруга исчезнал и според пријавата бил единствен осомничен за убиството и беше покрената потрага. Настанот ја вознемири гостиварската јавност, најмногу поради жестокоста и начинот на кој е извршено убиството. Според ОЈО шеесет годишна Џ.И. била најдена мртва со соба од семејната куќа со повеќе рани нанесени со секира и нож. Според првичните информации, до трагедијата дошло по настаната расправија поради нарушени меѓусебни односи.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2020 21:55