Мотоциклист е повреден при судир со автомобил. Сообраќајната несреќа се случила вечерва, во 19 часот, спроти новите згради над Касарната, под местото викано „Багремче“ во Велес.

Како што информира за МИА д-р Василка Пановска Поп Стефанова, началник на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом, тие за несреќата биле известени во 19:10 часот, по што нивна екипа со амбулантно возило веднаш се упатила на местото на настанот. Во несреќата бил повреден 27-годишниот мотоциклист, кој имал повреди на главата и гребнатини по телото. По укажаната прва помош, повредениот итно бил транспортиран во Хирушката амбуланта при велешката Општа болница.

Портпаролот на ЈЗУ Општа болница д-р Весна Неделковска Николова за МИА изјави дека на повреднениот му била извршена томографија на глава и на тело и тој нема скршеници по телото.

Сепак, поради претпазливост повредениот бил оставен на опсервација во Велешката болница до утре.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека екипа на СВР Велес извршила увид на местото на несреќата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2020 03:55