Велешанец во топче од киндер-јајце скриено во гаќите што ги носел чувал хероин за продажба. При претрес во неговиот дом пронајдени се околу 10 грама дрога, а осомничениот, кој според велешкиот суд ги исполнува сите услови, веднаш заработи притвор.

Од ЈО соопштија дека Oсновното јавно обвинителство Велес донеле Наредба за спроведување истражна постапка против лице на 24-годишна возраст од Велес за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

-Осомничениот, на 10 септември, во својот дом, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во вкупна количина од 9,87 грама. Дрогата била спакувана во 49 мали најлонски пакувања, сместени во едно топче од киндер-јајце скриено во долната облека што ја носел на себе, појаснуваат од ЈО.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.​



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2020 16:05