Утрово,околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби педесет годишниот З.Д. од Скопје кој управувал патничко моторно возило „мини Морис“ со бугарски регистарски ознаки.

До несреќата дошло откако возилото излетало од патот, поточно од мостот на излезот од булеварот и удрило во лимени гаражи покрај околните згради.

Увид на лице место извршија екипа на ОВР Гевгелија и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2020 15:41