Три лица на возраст од 18 и 19 години од тетовско Теарце се приведени ноќеска откако се пријавени во тетовската полиција дека нападнале и повредиле малолетник, како и уште едно лице кое се обидувало да ги раздвои. Нападот се случил вчера околу 16.30 часот во авто-перална во Пршовце.
– Вчера во 21 часот и 30 минути, 17-годишник од тетовско Пршовце, заедно со неговиот татко, пријавиле дека околу 16 часот и 30 минути, во авто-перална во ова село, во која работел, физички бил нападнат од три лица. Тие тројца истовремено нападнале и лице кое се обидело да ги раздели, при што користеле и тврди предмети и на малолетникот му нанеле тешки телесни повреди, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според неговите информации за кратко време тројцата напаѓачи Е.С. (19), Ј.