Епидемиолошката состојба во Велес и Велешко за последните 24 часа е оценета како стабилна, но непредвидлива и затоа на граѓаните им се порачува дека нема простор за опуштање и треба да бидат претпазливи, рече на денешната прес – конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, кој ја пренесе информацијата од 24. седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Тој информира дека едно лице е позитивно и потврдено од лабораторијата на МАНУ, едно лице кое било на домашно лекување е оздравено и едно лице кое било згрижено на Инфективната клиника во Скопје е починато.

Вкупната бројка на позитивни случаи во Велес и Велешко до денес изнесува 289 лица, од кои 257 оздравени, 17 активни и 15 починати. Од активните случаи, 11 лица се наоѓаат на домашно лекување, а шест на Инфективното одделение во Велес.

Инаку, на Инфективното одделение при велешката Општа болница освен од Велес, има и пациенти од Свети Николе, Кавадарци, Неготино и Делчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2020 16:45