По повод 76- годишнината од ослободувањето на Свети Николе отворена е изложбата „Ѓуришката ликова колонија 2020“. Делата се изложени во Домот на културата, по што ќе бидат презентирани и во другите општини во земјава. –

– Нашите сограѓани имаат можност да ги погледнат 24-те прекрасните уметнички дела на авторите кои учествуваа на колонијата. Со оваа докажуваме дека Свети Николе и во услови на пандемија може да организира вакви културни настани кои верувам дека ќе побудат интерес кај нашите граѓани, вели градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2020 22:46