СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.И.(65) од с.Шемшово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

На 01.09.2020, полициски службеници во содејство со Агенцијата за катастар на недвижности – Тетово излегле на местото и извршиле мерење на фактичката состојба, за што изготвиле известување во кое било наведено дека пријавениот извршил узурпација на предметната катастарска парцела на површина од 276 метри квадратни во сопственост на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2020 02:30