Три лица се приведени поради откриена дрога при контрола кај нив, а кај еден од нив марихуана е најдена во долната облека.
– Вчера околу 15 часот и 20 минути, на наплатната станица Желино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец Б.Р. При негов и преглед на возилото „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал, била пронајдена марихуана. Тетовецот Б.Р. задржан е во Полициската станица Тетово и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија од СВР Тетово.
Другите двајца се приведени подоцна околу 19 часот.
– Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Р.(43) од тетовска Мала Речица и 21-годишната М.С. од Скопје, затоа што при претрес извршен со судска наредба во неговите куќа и стан во Мала Речица и на улица „Илинденска“ во Тетово биле пронајдени марихуана, метална дробилка, ризла и зипер кесички. Се расчистува случајот и ќе следуваат поднесоци, се вели во денешното соопштение на СВР Тетово.