Малолетничка давала сексуални услуги на повеќе локации во Скопје и Велес, а подведувачката и ги земала „заработените“ пари.

Како што соопшти МВР, Н.Д.(20) од Велес, во периодот од 4 до 13 јули 2020 година во повеќе наврати подведувала 15–годишно девојче да дава сексуални услуги на повеќе локации во Скопје и Велес, а паричниот износ кој го добивала за услугите ѝ го одземала, се истакнува во полициското соопштение.

На 13 јули 2020 година девојчето го пријавило настанот, по што биле преземени мерки.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2020 22:12