Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 16 нововозаболени лица од Ковид-19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Исто така е починат е пациент на 53 години во болнички услови, информираа од Министерството за здравство.

Надлежните од епидемиолошката служба при ЈЗУ Куманово, информираа извршени се и 32 тестирања од кои 24 преку „Мој Термин“ и осум тестирања, извршени согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на пандемијата во Кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.644, а во моментов активни се 215 случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2020 02:48