На 19.09.2020 околу 09.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во атар на с.Мокриево, струмичко, во нива на место викано „Длабока“, додека Д.Н. сечел дрва, едно од дрва паднало и ја повредило неговата сопруга Ж.Н.(59), при што таа починала на лице место.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2020 01:00