СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.П.(61) и Л.А.(59), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 22.08.2005 до 19.09.2018, тие утврдиле и определиле за плаќање данок на имот кај 27.905 физички и 238 правни лица и комунална такса по основ на фирмарина кај 4.810 правни лица на подрачјето на Општина Куманово, а доспеаните износи не биле уплатени во законски предвидениот рок.

Пријавените, иако биле должни, не постапиле согласно одредбите од Законот за данок на имот и не спровеле постапка за присилна наплата, туку со неизвршување на својата службена должност и овластување дозволиле да поминат пет години од денот на доспевањето на даночните обврски, тие да застарат и да бидат отпишани како застарени и ненаплатени, со што нанеле штета на буџетот на Општина Куманово, по сите три основи во вкупен износ од 42.898.437 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2020 02:22