ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.Ц. (33) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, како и против К.К.(33) и А.С.(26), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
Првопријавениот, во месноста „Врабич“, во близина на патот кон Струга, во грмушка сокрил вреќа во која имало пет килограми и 480 грама опојна дрога марихуана. Тој бил затекнат во момент кога ја препакувал дрогата, а по кратко време со патнички возило пристигнале второ и трето пријавените кои требало да ја преземат дрогата во помали пакувања.