СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(51) од Скопје и правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на 2019 година правно лице од Тетово склучило договор за неповратни средства од Програмата за самовработување со Агенцијата за вработување на Република Македонија и Програмата за развој на Обединети нации (UNDP).

Притоа, на 22.11.2019 правното лице од Тетово набавило роба од пријавените, за што од страна на Агенцијата за вработување, врз основа на горенаведениот склучен договор, за набавените материјали им биле исплатени парични средства во износ од 60.200 денари.

Но, и покрај реализираната исплата, пријавените не ја доставиле робата до правното лице од Тетово, со што преку лажно прикажување на факти противправно се стекнале со имотна корист.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2020 02:27