Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, 39-годишната осомничена, во домот во кој престојувала на улица „Никола Тесла“ во Скопје, неовластено заради продажба држела наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 22,68 грама, спакувана во повеќе различни пакувања. Дрогата била пронајдена на 22 септември, при претрес на нејзиниот дом.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, ценејќи дека постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на оомничената и можност таа да го повтори кривичното дело.