Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.09.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Штип. Притоа изречени се вкупно 114 санкции, меѓу кои, 21 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 20 за возење без возачка дозвола, санкционирани се 19 мотоциклисти, изготвени се четири барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица, а изречени се и 12 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2020 12:52