Беркан Имери, досегашен неизвршен член на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје е именуван за нов претседател на НО на осигурителната компанија.

-Имери во Халк Осигурување е од јануари 2019 година, а воедно над 10 години работи и во Халкбанк АД Скопје на различни позиции, меѓу кои и Директор на секторот за управување и планирање на финансии и Директор на секторот за финансиско управување, сметководство и кредитна анализа, соопштија денеска од Халк Осигурување, која работи во секторот на неживотно осигурување и на нашиот пазар е присутна од 2007 година.

Компанијата е во целосна сопственост на Халкбанк АД Скопје која во јануари 2019 година преку Македонската берза за хартии од вредност откупи 100 проценти од акциите на Нова Осигурување АД Скопје.

-Новиот претседател на НО, Беркан Имери е присутен во компанијата од стартот на нејзината работа под новиот бренд Халк Осигурување. Компанијата, чие седиште е во Скопје, преку свои подружници во 20-тина градови, делува на територијата на целата земја, а услугите на Халк Осигурување се нудат и преку многубројни брокерски друштва, лиценцирани застапници и голем број туристички компании, соопштија од Халк Осигурување



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2020 14:04