Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата санкционирани се 647 граѓани за неносење заштита на лице – маска, информираат од МВР.

Со тоа по овој основ од почетокот на неделата досега се изречени повеќе од 2 500 казни или околу една казна на 1 000 жители.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид -19.

Казната за неносње маска за физички лица е 20 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2020 12:43