Тетовските пожарникари неколку часа се борат со пожарот што попладнево избувна во објект на земојделска задруга во село Брвеница.

Според првичните и неофицијални информации еден пожарникар има лесна повреда на лицето, а од огнот покрај објектот, изгорени се илјадници бали слама и механизација.

-Пожар во објект на земјоделската задруга е пријавен во СВР Тетово во 16 часот. Првично нема информации за повредени лица. Изгорена е поголема количина кабаста добиточна храна и дрвени предмети за складирање овошје. Пожарот се уште не е локализиран, информираат од тетовската полиција.

Увид од страна на полицијата ќе биде извршен дури по целосно гаснење и локализирање на пожарот



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2020 02:44