Во две сообраќајни несреќи кои се случиле на сообраќајниците во тетовско-гостиварскиот крај, вчера потешко се повредени две лица.

Во сообраќајната несреќа која се случила на регионалниот патен правец Гостивар-Градец, кај селото Зубовце, околу 11 часот била повредена Д. Ј. (18) од Галате. На неа, додека управувала велосипед, налетало возило „фиат-пунто“ што го управувал Ф. А. (52) од село Врбјане. Повредената била пренесена во гостиварската Општа болница, каде биле констатирани потешки повреди и е здржана на лекување. На местото бил извршен увид од екипа на ОВР Гостивар.

Во Тетово, на улицата „Илинденска“ во близина на „Шарена џамија“ било повредено осумгодишно дете. Според информациите на СВР Тетово, додека поминувало улица, во него удрил автомобил „фолксваген-поло“ што го управувал Х. И. од тетовското село Непроштено. Детето набрзо по несреќата било пренесено во Тетовската клиничка болница, каде заради здобиените повреди е здржано на лекување.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2020 12:07