По „лудиот“ натпревар во третото коло од премиер лигата во кое силите ги одмерија Брајтон и Манчестер Јунајтед, по натреварот тренерот на „црвените ѓаволи“ имаше интересна изјава со која го „пецна“ Жозе Мурињо.
Имено, откако судијата свирна за крај на натпреварот, од вар собата му сугерираа за можен пенал, по што се одлучи да ги врати играчите на теренот и да досуди најстрога казна за гостите од Манчестер,што е преседан во историјата на фудбалот и дефинитивно оваа одлука влегува во светската фудбалска историја.
Но, во текот на натреварот Брајтон повеќе пати ја погоди стативата на гостите, а за тие ситуации по натпреварот, тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер иронично го пецна „Специјалниот“, кој во Скопје пред натпреварот помеѓу Шкендија и Тотенхем ги мереше стативите и увиде дека едниот гол е за 5цм скратен.
- Добро е што Мурињо не беше тука да ги мери стативите, инаку ќе имавме многу проблеми.