На 25.09.2020 во 13.50 часот во работна канцеларија во СВР Струмица, инспектор, додека вршел проверка на службениот пиштол, од невнимание испукал еден куршум кој се забил во паркетот во близина на неговото работно биро.
Во тој момент во канцеларијата биле присутни уште двајца полициски службеници.
Повредени лица нема, а увид бил извршен.