Конференција за туризам насловена „Извозна стратегија за поголема додадена вредност на туризмот како предизвик на новото време“ ќе се одржи денеска по повод Светскиот ден на туризмот.

На конференцијата ќе се обрати министерот за економија Крешник Бектеши.

Конференцијата ќе се одржи во организација на Здружението на угостителство и туризмот при Стопанската комора на Македонија со поддршка на Министерството за економија и Проектот Е4Е@мк Образование за вработување во Северна Македонија.

На конференцијата ќе биде ставен акцент на функционирањето на туризмот и угостителството во Северна Македонија годинава, последиците од Ковид-19, реформи во туризмот како предуслов за одржлив развој и поголема додадена вредност на секторот како извозна стопанска гранкиа, предизвикана од глобалната пандемија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2020 08:14