Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжиле засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден, како што се посочува, изречени се вкупно 266 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола од страна на 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење – 102 прекршоци, девет нерегистрирани возила, 20 санкционирани мотоциклисти, 87 мерки за непрописно паркирање, 63 возила подигнати со пајак, а изречени се и 18 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР истакнуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2020 12:09