Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.09.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Гостивар. Притоа изречени се вкупно 101 санкции, меѓу кои, 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 17 за возење без возачка дозвола, а изречени се и 10 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.“ - велат од МВР



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2020 12:38