Екипите на Вардар, Шкендија и Македонија ЃП забележаа идентични победи на денешните натпревари од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига.

По три бода освоија и Академија Пандев и Струга Трим Лум.

Резултати: Академија Пандев – Силекс 1:0 Пелистер – Шкендија 1:3 Ренова – Македонија ЃП 1:3 Струга Трим Лум – Шкупи 2:0 Вардар – Беласица 3:1.

Вчера, Борец – Работнички 0:0.

Табела: Шкендија 17 бода, Шкупи 13, Македонија ЃП 13, Борец 12, Струга 11, Силекс 10, Работнички 10, Вардар 10, Пелистер 9, Академија Пандев 6, Ренова 5, Беласица 0.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2020 00:09