Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, откако ја совлада Гранада (6:1) во мечот од 3. коло на Шпанското фудбалско првенство, го пофали соиграчот Луис Суарез.

Триесет и тригодишниот Уругваец постигна два гола и една асистенција во дебитантскиот натпревар за мадридскиот клуб.

Луис е многу добар. На крајот, едниот ќе гризне, а другиот ќе тепа, се пошегува Коста со Суарез преку социјалните мрежи.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2020 00:23