Четириест и тригодишниот З.Т. од Велес вчеравечер, околу 2:30 часот, во СВР Велес пријавил дека на улицата „Борис Трајковски“ бил физички нападнат од три лица.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека се работи на расчистување на случајот.

Вчеравечер, околу 00:30 часот во Полициската станица Кавадарци, 19-годишниот С.П. од село Возарци, Кавадаречко, пријавил дека пред угостителскиот објект во Градско бил физички нападнат од 28-годишниот П.Ј. од Росоман.

Како што информира Додевски, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во саботата, околу 16:45 часот во СВР Велес, 54-годишниот С.М. од Велес пријавил дека на ул.„Наце Димов“ во Велес бил физички нападнат од Р.Н.

-По целосно документирање на случајот ќе биде поденесена соодветна пријава,информира Додевски. Вчера во 13:20 часот во Полициската станица Велес, 43-годишниот Ф.Р. пријавил дека неговата сопруга 24-годишната С.М.се оддалечила од домот.

-Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето,информира портпаролот Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2020 13:50