Петти ден како делчевската полиција трага по 83-годишниот Ристо Ѓорѓиевски од делчевското село Косово Дабје. Последен пат, како што информира неговиот син Душко Ѓорѓиев кој живее во Делчево, бил забележан минатата среда, на 22 септември. Носел жолто палто и жолти пантолони и чекал превоз на стариот пат за Бигла.

-Татко ми исчезна. Во среда околу 11 часот е виден последен пат на стариот пат за село Бигла. Бил преоблечен и бос. Јас последен пат бев за селото во понеделник и вторник и оттогаш го немам видено, вели Ѓорѓиев, кој го пријавил случајот во делчевската полиција.

Заедно со полицијата, како што додава, веднаш е започната истрага, но засега без епилог.

-Полицијата соработуваше, два дена заедно со инспекторот и автомобили на полицијата го пребаруваа поблискиот терен околу Косово Дабје. Бараа и во близина на реката и кај месноста Брежје, но безуспешно бидејки нема ни трага ни глас од него, додава Ѓорѓиев.

Здравствената состојба на исчезнатиот Ристо Ѓорѓиевски била добра. Како што додава неговиот син Душко, тој често знаел да се симне во градот и потоа пак да се врати во селото. Во неделата, како што додава, се вратиле заедно, по што неговиот син го посетил во понеделник и вторник и оттогаш не го видел.

-Последниот кој го видел вели дека носел жолто палто и жолти пантолони, па затоа апелирам до секој оној кој ќе го забележи да ме контактира на телефонскиот број 072-542-073, вели Ѓорѓиевски.

Од полицијата го потврдија исчезнувањето и додадоа дека потрагата по 83-годишниот Ристо Ѓорѓиевски продолжува.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2020 14:46