Ребалансот на Буџетот ќе биде заокружен како процес до крајот на неделата. Ќе се крати она што очигледно нема да може да биде реализирано до крајот на годината. Можно е зголемување на дефицитот, а проекцијата за БДП е со пад од 4 отсто.

Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска одговорајќи на новинарски прашања.

-Ребалансот на буџетот ќе биде заокружен како процес до крајот на неделата. Ќе биде скратено сето она што очигледно не може да биде изреализирано до крајот на годината, но тоа нема да биде голем товар на целокупното функционирање на државата. Мислам дека ќе се зголеми евентуалниот дефицит затоа што четвртиот пакет на мерки ќе одговара на потребите на граѓаните, а проекциите на Владата за стапката на БДП се дека годината ќе биде завршена со негатива од минус 4 проценти, изјави Битиќи



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2020 17:56