Напаѓачот на Лион, Мемфис Депај, продолжува да биде во фокуст на Барселона, пренесува „Мундо Депортиво“.

Според изворот, Каталонците не се задоволни од бараната сума за 26-годишниот Холанѓанец. Французите сакаат 25 милиони евра, додека шпанското раководство не е подготвено да плати повеќе од 20 милиони, повикувајќи се на фактот дека договорот на Депај истекува за една година.

Минатата сезона тој одигра 22 натпревари и постигна 15 погодоци во сите натпреварувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2020 21:41