Синоќа во 19.15 часот во Полициската станица Карпош, од касарната „Илинден“ било пријавено дека на околу 100 метри од касарната во правец кон бул.„Словенија“ неколку лица испукале огномет, а потоа се слушнале поединечни истрели од оружје, по што повторно имало огномет.

Според пријавеното, информираа денеска од МВР, додека траело второто испукување на огномет, едно испукување завршило во оградата од касарната. Нема повредени лица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2020 01:19