Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 374 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 24 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 92 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 16, 27 санкционирани мотоциклисти, 107 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 16 санкции кон пешаци и 48 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.“ - соопштува МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2020 11:26