Центарот за граѓански комуникации изработи анализа од мониторингот на јавните набавки поврзани со КОВИД-19, како и базата на податоци на сите договори за итните набавки поврзани со КОВИД-19, во првите шест месеци од кризата (од март до септември 2020 година).

Според извештајот главните наоди од мониторингот се:

▪ 6,7 милиони евра е вредноста на договорите за итни јавни набавки за заштита од коронавирусот склучени во првите шест месеци од кризата.

▪ Една третина од вредноста на овие договори отпаѓа на Министерство за внатрешни работи-МВР, кое со 2,2 милиони евра води според износот на склучените договори.

▪ 43 % од вредноста на сите тендери им припаднала само на пет фирми, иако вкупно 186 фирми добиле тендер поврзан со коронавирусот.

▪ За 68 % од склучените договори институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето.

▪ На секој трет склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач.

▪ Постојат значајни разлики во цените на набавените маски, скафандери и ракавици.

▪ Дел од договорите не содржат прецизен опис на производите што се набавуваат, што остава простор за злоупотреби при реализација на договорите, се вели во извештајот на ЦГК.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2020 13:57